Магла во Куманово и Страцин
13.01.2014 09:11
| KumanovoNews
Поради густата магла намалена е видливоста на патните прави во Куманово и Страцин.

Од Авто мото сојузот на Македонија објавуваат дека видливоста е од 20 до 100 метри во Куманово, Страцин, како и околните места Штип, Велес и Петровец.
На возачите им се препорачува внимателно возење низ клисурите поради почеста појава на одрони.
Од АМСМ информираат дека геомеханичките и геодетски работи на автопатот Куманово - Миладиновци се завршени.