Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Малолетниците кои уништуваат паркови, кршат урбана опрема и палат контејнери да вршат општокорисна работа, бара Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС).
ЗЕЛС предлага да се формира стручна работна група составена од претставници од Владата, ресорните министерства, центрите за социјална работа, училиштата и невладините организации, која ќе има задача да подготви дополнување и измена на повеќе закони.
„Конкретно, иницијативата предвидува измени на Законот за прекршочна постапка, Законот за пробација и Законот за правда за децата, со цел воведување општокорисна работа како мерка која ќе спречи вандализам и ќе придонесе кон ресоцијализација на малолетниците. Дополнително, се предлага и разгледување измени во Законот за семејство и Законот за извршување на санкции, за да се обезбеди правна рамка која ќе ја вклучи и одговорноста на родителите преку можност за заедничка општокорисна работа. Важно е да ја подигнеме свеста кај младите, да ги едуцираме за значењето на јавните добра и да создадеме механизми за нивна ресоцијализација“, вели претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.
Во Куманово со годинина назад се уништува урбаната опрема во парковите и на јавните површини, а вандализмот го прават најчесто малолетници.