Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Годинава 325 кумановски фирми веќе не се водат во Централниот регистар на Македонија по различни основи.
Од нив согласно закон се избришани 131 фирма, 100 по пат на ликвидација, 66 отишле во стечај, 15 се избришани од трговскиот регистар, 12 поради други причини пропишани со закон и кај 1 фирма е направена статусна промена.
Во 2012 година имало повеќе компании од Куманово избришани од Централен регистар и тоа 336. Од нив 130 отишле во стечај, 142 се ликвидирани, од Трговски регистар се избришани 13, а по други основи согласно закон се избришани 51 фирма.
Деканот на Еуро Колеџ, Љубиша Петрушевски според бројките вели дека најверојатно се работи за мали фирми со мал капитал кои не можеле да опстанат на пазарот.
Тоа се нормални процеси во управување на фирмите. Сигурно се тоа мали фирми кои не можеле да напредуваат заради конкуренцијата и пропаднале. Тоа е нормално во пазарната економија. Ќе видиме во иднина колку од малите фрими ќе опстанат и им препорачувам уште од сега да почнат да размислуваат за партнерства - вели Петрушевски.
Втора алтернатива според него е реорганизација на фирмите.