×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Насилник нападнал таксист

    29.07.2015 15:04 | KumanovoNews

    Кумановската полиција го спроведе триесет и пет годишниот Д.Ј од Куманово под сомнение дека физички нападнал таксист и сторил кривично дело насилство.

    Насилник нападнал таксист

    Инцидентот се случил вчера околу 6 часот додека таксистот Д.М од Куманово, со својот автомобил бил паркиран на улицата „Сава Ковачевиќ“, насилникот дошол до него и без причина го нападнал. Удирајќи го со тупаници во пределот на главата, по што го гаѓал со камења и продолжил со тупаници и клоци да удира по вратите и прозорските стакла на возилото. Од нападот оштетениот се здобил со телесни повреди, а на возилото се направени оштетувања и скршен е предниот ретровизор. На пријавениот и претходно му е поднесена пријава за насилство.