Никој не се препил, ниту прејал на Велигден
07.05.2013 09:42
| KumanovoNews
Од Брза помош велат дека за празникот немале зголемен број на интервенции, никој не претерал со алкохол или храна.

Такви случаи годинава немаше, луѓето биле дисциплинирани. Се се одвиваше вообичаено, се беше во ред иако во нашата работа никогаш не може да се предвиди. Вчера и завчера имало по 15 интервенции - велат од Брза помош.
Последниве два дена потреба од брза помош имале хронично болните граѓани.
(фото архива)