Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за образование и наука го објави конкурсот за упис на студенти за студиската 2013 / 2014 година.
На дисперзираните студии по информатика од Тетовскиот универзитет во Куманово ќе се запишат 30 редовни студенти во државна квота, 20 редовни студенти со кофинансирање и 10 вонредни студенти. На катедрата за англиски јазик и книжевност од истиот универзитет има 60 слободни места за редовни студенти.
На истиот универзитет, на факултетот за бизнис администрација во Куманово ќе бидат примени 285 редовни студенти во државна квота, и 125 студенти со конфинасирање.
На дисперзираните студии за градежништво од Универзитетот “Свети Кирил и Методиј“ во Куманово ќе се запишат 40 редовни студенти во државна квота, 20 со кофинансирање и 20 вонредни.