Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Владата денеска го објави вториот повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. Со повикот се предвидени средства во висина од 15 милијарди денари или 250.000 евра.
Право на учество имаат сите општини и градот Скопје, кои можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието.
Заинтересираните општини треба апликативните формулари да ги достават до Министерството за локална самоуправа, а проектната документација до ресорните министерства од областа на проектот, најдоцна до 30 април 2025 година.
„Веќе е познато дека целта на јавниот повик е да се доделат средства за проекти кои ќе придонесат за значајно унапредување на инфраструктурата во нашите општини, со директен позитивен импакт врз економскиот раст и квалитетот на животот на граѓаните. Со реализацијата на овие проекти, очекуваме значајни подобрувања во секојдневието на нашите граѓани, зголемување на економската активност, како и унапредување на инфраструктурните капацитети на самите општините ширум државата“, кажа министерот за локална самоуправа Златко Перински.
Овој втор повик е продолжение на успешно спроведениот прв јавен повик кој веќе дава резултати на терен и е уште една потврда за нашата определба за унапредување и развој на сите единици на локалната самоуправа.