×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пакетчиња за децата во Витина и Гњилане

    10.01.2014 13:30 | KumanovoNews

    “Коло на српските сестри“ од Куманово обезбеди 33 новогодишни пакетчиња за децата кои живеат во близина на Витина и Гњилане на Косово.

    Пакетчиња за децата во Витина и Гњилане

    Освен чоколади, бонбони, пакетчињата имаат тетратки, книги и облека собрани по пат на донација од членките на невладината и локални фирми.

    Ние се приклучуваме на акцијата која ја организира Културно информативниот центар “Спона“. Се одзваа некои пријатели, банки, фирми каде што пазаруваме и купуваме. Баравме по едно пакетче од колектив, ништо повеќе. Многу сме благодарни на тие што ја подржаа акцијата.  Секогаш луѓето од Куманово биле многу хумани без разлика на вера, националност, политичка партија и тоа морам да го нагласам - вели Живка Христовска, претседател на “Коло на српските сестри“.

    Организацијата досега многупати организирала вакви хумани акции, но првпат подароците ќе бидат наменети за деца на Косово. Пакетчињата ќе им бидат подарени на децата за Стара Нова година.