Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пингпонгарката Ива Димитриевска од пинг-понг клубот “Куманово“, го освои првото место на турнирот “Топ 8“, кој викендов се одржа во Куманово.
На изборниот турнир за пионерки, Димитриевска имаше седум победи и ниту еден изгубен меч.
“Задоволство на секој учител е да неговиот ученик биде најдобар, а таа можност повторно ја имав јас. Повторно за неполна недела, мојата ученичка Ива Димитриевска беше најдобра. Задоволен сум од резултатот, но не и целосно од играта бидејќи заморот си го направи своето. Концентрацијата не беше на потребното ниво. Сепак седумте победи без ниту еден изгубен меч, со само три загубени сета ме прават задоволен“ - изјави Мики Трендафиловски, тренер на клубот.
За две недели пингпонгарките ќе учествуваат на младинско поединечно првенство во Штип.