Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановските планинари денеска ќе се искачуваат на планината Козјак, а утре на празникот 8-септември ќе го освојуваат Кораб.
Планинскиот поход на врвот Китка висок 1211 метри на планина Козјак, ќе го реализираат заедно со колегите од клубот “Балкан“ од Белград.
Искачувањето на врвот Голем Кораб, висок 2754 метри е традиционално и е во организација на планинарско друштво “Кораб“ од Скопје. На највисокиот врв во Македонија ќе се искачат 30 - тина планинари од нашиот град.