Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
17.000 ученици во Општина Куманово од денеска се на зимски распуст.
11.400 основци и 6.500 средношколци ќе одмараат до 20 јануари.
Второто полугодие ќе почне со екстерно тестирање на средношколците во трета или четврта година. Тие тестовите по двата предмета ќе ги полагаат на 22 и на 24 јануари, а предметите ќе им бидат познати на 19 јануари.
За останатите ученици од трето одделение до трета година средно, екстерното тестирање ќе биде на крајот на учебната година.