Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Синоќа е пронајден напуштен автомобил во липковското село Никуштак за кој се претпоствува дека е на Беќир, кој најверојатно пребегал во Косово
Полицијата сеуште трага по 35-годишниот Беќир Н. од Витина Косово, со привремен престој во Швајцарија, кој вчера го уби таткото и го рани братот на неговата поранешна сопруга во кумановската населба Тоде Мендол. Истата вечер во липковското село Никуштак пронајден е напуштен автомобил за кој се претпоствува дека е на Беќир, но од Кумановската полиција велат дека сеуште не е утврдено дали возилото е на осомничениот. Се претпоствува дека тој откако ја извршил крвавата пресметка пребегал во Косово.
Според роднини на семејството, повредениот Аднан. Н. вчера е оперериран на една од скопските клиники и неговата здравствена состојба се уште е критична, додека убиениот Риза, денеска е погребан на муслиманските гробишта во Куманово.
На убиството во Тоде Мендол и предходела расправија помеѓу поранешниот зет и семејството на сопругара, бидејќи тој сакал со себе да го земе седумгодишниот син. Откако не се договориле Беќир извадил пиштол и почнал да пука кон нив. При тоа смртно го ранил дедото а го повредил шурата.