Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
До 24 јануари невработените можат да аплицираат за мерката самовработување и да отворат свои фирми.
Државата нуди 3.000 евра за поддршка на бизнис идеите на невработените.
Оние кои се активни баратели на пазар на трудот и редовно се пријавуваат во Агенција за вработување, ако имаат идеја за бизнис државата нуди неповратни 3.000 евра за отпочнување на истото. За отварање на фирма помагаме во изготвување на бизнис план, ги насочуваме. Сите заинтересирани можат да дојдат во нашиот Работен клуб и да се информираат детално - вели Милорад Тренчевски, директор на Центар за вработување Куманово.
На ниво на држава преку оваа мерка ќе бидат вработени 950 луѓе.