Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пратениците од владејачкото мнозинство не го прифатија предлогот на Левица на дневен ред на седница да се најде точка за намалување на патните трошоци.
За да биде ставен на дневен ред предлогот за измени на Законот за пратениците, „за“ гласаа само 22 пратеници од Левица и СДСМ и коалицијата.
Предлогот на Левица беше патните трошоци на пратениците да се пресметуваат според пазарната цена на 6,5 литри гориво на секои изминати 100 километри, место како досега по 20 проценти од малопродажната цена на горивото по километар.
Од Левица велат дека нивниот предлог е „далеку пореално и рационално решение и ќе стави крај на астрономските суми кои пратениците ги земаат од државниот буџет“. Оттаму додаваат дека им одговара и целосно укинување на патните трошоци за пратениците, но за да биде прифатливо за мнозинството, го предложиле законот во оваа форма.