Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општините Куманово и Старо Нагоричане одлучија да се продолжи прекинот на наставата во основните и средни училишта.
Учениците од Куманово во училиштата ќе се вратат во четврток, а во Старо Нагоричане наредниот понеделник.
Одлуките се донесени поради најавите на метеоролозите дека невреме и поларни студови ќе ја зафатат државата. Наставата во училиштате беше преканта во средата поради застојот во сообраќајот и неможноста на децата од приградските населби да стигнат до училиштата. Друга причина беше ладните училници поради сибирските температури.
Во Старо Нагоричане завејани се речиси сите планински села.