Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Автобусот, кој ноќеска излетал од патот во близина на Будимпешта, не превезувал ученици од гимназијата Гоце Делчев, кои вчера тргнале на екскурзија.
Според информации од управата на гимназијата, тие утринава се слушнале со директорот и наставниците кои се на патувањето и тврдат дека децата безбедно патуваат и немаат никакви проблеми.
Од утринава ни се јавуваат голем број на загрижени родители кои прашуваат дали несреќата се случила на автобусот со кој патуваат нивните деца. Сакам да објавите дека се е во ред со нашите ученици и нема простор за паника- велат од училиштето.
Учениците од втора година вчера попладне тргнале на екскурзија за Будимпешта - Виена - Прага, што се совпаѓа со несреќата која ги вознемирила родителите.
Според скопските медиуми автобус со 28 патници излетал од патот на 50 километри од Будимпешта, Унгарија. Несреќата се случила во 1.45 часот во близина на градот Гор откако од за сега непознати причини излетал автобусот кој сообраќал на релација Скопје – Прага.Автобусот на патничката агенција „Тото“ сообраќал на редовна линија до Прага.