Промоција на “Поетски чекорења“
        09.04.2014 08:26
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утревечер во 18 часот ќе биде промовиран алманах 4 насловен како “Поетски чекорења“ на Друштво на писатели Куманово.
                  Промотор ќе биде Трајче Кацаров, а како гости ќе настапат групата “Романтико“.
Алманахот се издава еднаш годишно и е со мултиетнички карактер. Во него годинава има творби на 11 јазици од 25 автори. На промоцијата ќе присуствуваат писатели од Скопје, Штип и Пробиштип.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



