Промовирана реновираната работилница во “Наце Буѓони“
Во техничкото училиште “Наце Буѓони“ денеска свечено беше пуштена во употреба реновираната работилница за практична наства.
За обнова на работилницата се вложени 20.000 евра, а заменети се прозорците и електричната инсталација, подот и ѕидовите, старите врати и термофасадата.
Нашето училиште веќе активно вклучено во овој проект и активностите кои ги спроведуваме имаат за цел да ја продлабочат соработката меѓу наставниците и професорите. Заеднички да ги зајакнеме нивните капацитети, да ги продлабочиме нашите знаења и вештини за поуспешно да ги промовираме мултиетничките и мултикултурните вредности - изјави Лидија Михајловска, директорка на “Наце Буѓони“.
Пред присутните се обрати и градоначалникот Зоран Дамјановски кој се заблагодари на американскиот народ што донира за подобри услови во образованието во Македонија.
Оваа поддршка од граѓаните на САД и значи поттикнување на демократските процеси во Куманово. Просперитетно, напредно граѓанско општество се гради со интегрирано образование од мала возраст на млади луѓе, за толеранција, соживот, мултикултурно и граѓанско цивилизирано општество. Од мое име и од име на граѓаните благодарам со надеж дека во иднина ќе имаме многу вакви проекти.- рече Дамјановски.
Реновирањето на објектот почна во август годинава со што работилницата доби комплетно нов лик.
Ова беше тимска работа. Навистина е импресивно што се можеме да постигнеме кога работиме заедно. Ова беше само уште еден пример за партнерството меѓу народот на Република Македонија и народот на САД. Во “Наце Буѓони“ градиме повеќе од подобри училници. Ние градиме подобра образовна средина и поставуваме темели за коорперативна и мирна иднина за ова земја - изјави амбасадорот на САД, Пол Волерс.
Учениците подготвија две презентации, за тоа како се работеше на проектот и за дебатниот клуб кој постои во “Наце Буѓони“ каде можат да ги кажат своите ставови.