Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Педесетина сезонски работници од фабриката за преработка на зеленчук „ДС Фудс„ во Куманово, кои беа малтретирани од грчите газди, се жалат дека деновиве трпат дополнителен притисок, поради тоа што ги обелодениле проблемите со кои секојдневно се соочуваат.
Тие денеска излегоа на протест за да ги повикаат надлежните институции да им помогнат, бидејќи газдата почнал да ги намалува платите на непосушните.
Ни одбиле од платата затоа што излеговме во јавност. Добивме јавна закана од Гркот дека ако се буниме пред медиумите за ноември нема да видиме плата. Се служи со заплашување и уцени кон работниците. Ние дојдовме чесно да работиме, а газдата само не искористува. Работиме по 9 часа а тој ни плаќа за 8 часа. Паузата да доручек ни ја одбива. Дури ни тие пари не ни ги дадоа целосно. - вели Кате Јовановска.
Додека траеше протестот во фабриката дојде трудова инспекција, а работниците велат дека ја имало и предходните денови.
Пред некој ден дојдоа инспекторите во 10 навечер. На портирницата имаат аларм и ги известија шефовите. Нас не сокрија во коморите, а другите ги истераа зад фабриката Искра. Пред инспекција покажуваат дека нема работници, а се беше подготвено за работа. И вчера пак беше инспекцијата и се распрашуваа кога сме зеле плата, но газдите тврдеа дека не исплатиле, што не точно - вели еден од работниците.
Работниците тврдат дека работат во нехумани услови, а газдата ги тепал и ги затварал во фрижидери кога ќе наиде инспекција. Им должел по неколку плати од минатата година, а не ги плаќа редовно ни оваа година. Нивните обвинувања ги потврдија и од кумановскиот синдикат.