Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Риза Р.(71) од Куманово е убиен, а неговиот син Аднан Р.(30) е тешко ранет откако во нив пукал нивниот поранешен зет од Косово.
Вооружениот напад се случил во 11.20 часот, на улицата Тоде Мендол, додека таткото и синот се движеле по улица. Тогаш сo возило бмв пристигнал напаѓачот и почнал да пука кон нив. Од задобиените повреди Риза починал на самото место, додека ранетиот е пренесен во Кумановската болница.
Денеска во хирушката амбуланта примивме повредено лице со прострелни рани во пределот на градниот кош и на горните екстремитети. Откако му пруживме прва помош поради животно – загрозувачка состојба го испративме на скопските клиники, - изјави Стефан Трајановски, хирург во општата болница Куманово.
Откако го извршил убиството, сторителот со автомобил бмв побегнал. Полицијата трага по него.
Соседите раскажуваат дека причината за крвавата пресметка е семејна расправија, односно поранешниот зет посегнал по животот на таткото и пукал во братот на својата поранешна сопруга, затоа што не му давале да го гледа детето. Тие тврдат дека убиениот бил добар човек и до сега немал проблеми со никого. Мотивите за убиството допрва ќе се утврдуваат.