Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод празникот Водици, а воедно и Денот на рибарите, на Градскиот кеј во недела во 11 часот, рибарите од спортско риболовно друштво “Пчиња“ ќе го прослават празникот.
Ќе кршиме погача и оној на кого ќе му се падне паричката, тој ќе биде кум за следната година. Ќе дојдат голем број наши членови, но и граѓаните можат да ни се приклучат. Ќе го одбележиме Денот на рибарите со дружба, пивтии, греана ракија, вино- изјави Бранислав Димовски, претседател на “Пчиња“.
Одбележувањето на Денот на рибарите на Градски кеј се организира последниве неколку години.