Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сара Конин, ученичка во 6 одделение во основното училиште “Кочо Рацин“ во петок ќе учествува на меѓународна манифестација за поезија и театар во Трст, Италија, каде ќе прими награда.
Оваа манифестација ќе се оддржи во замокот на Дуино. Сара Конин и досега има добивано награди и јас како нејзин професор по македонски јазик и литература испратив песна на овој меѓународен фестивал. Таа е наградена во конкуренција на најмлади поети од целиот свет на возраст од 8 до 12 години , а има и повозрасни учесници - објаснува Маја Стојановска, професор по македонски јазик.
На манифестацијата ќе присуствуваат млади поети од Словенија, Полска, Кина, Грузија, САД, Гана и други земји.