Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Традиционално, СДСМ Куманово и оваа година организира Бадникова вечер на Градскиот плоштад.
По 20-ти пат на Градскиот плоштад во понеделик ќе се запали традиционалниот бадников оган кој го симболизира Исусовото раѓање. Ќе бидат поделени 1000 лепчиња во кои ќе има 10 сребреника и еден златник, пакетчиња со овошје се со цел да се одбележи традиционалната бадникова симоболика - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.
Од СДСМ ги повикуваат граѓаните да излезат во понеделник во 21.30 часот да ја одбележат бадниковата вечер.
На православните верници тие им го честитаат Божиќ со желби за благосостојба, лична среќа и добри мисли.