СДСМ организира крводарителска акција
29.07.2015 07:59
| KumanovoNews
Општинската организација на СДСМ од Куманово, утре ќе организира крводарителска акција.

Членови и симпатизери на партијата, утре од 11 до 18 часот ќе даваат крв во партиските простории во комитет.
Акцијата се реализира во соработка со Црвен Крст и се очекува да бидат собрани над 60 крвни единици.