×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СДСМ: Владата не ни дава согласност за вработувања во образованието

    12.12.2013 12:58 | KumanovoNews

    Од СДСМ денеска на прес - конференција ја обвинија Владата дека не им дава согласност за дваесетина вработувања, а од друга страна наметнува 150 луѓе извлечени на лотарија да се вработат во локалните претпријатија и установи.

    СДСМ: Владата не ни дава согласност за вработувања во образованието

    Од партијата тврдат дека вработени во основните и средни училишта, градската библиотека и Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ“ работат по 3 години, а сеуште немаат добиено решение.

    Секоја година Општина Куманово до вас ги доставува согласностите од образовните и јавните институции во кои бара вработување на неопходен кадар кој се состои од хигиеничари, ложачи, хаус мајстори, воспитувачи, педагози, психолози, логопеди, дефектолози, зошто истите ги одбивате, а притоа ни испраќате 150 вработени од Македонски шуми, за кои ние ниту сме распишале конкурс, ниту сме доставиле барање за нивно вработување. Причината е едноставна – вие со тоа сакате тие луѓе да бидат платени од буџетот на локалната самоуправа, а не од буџетот на Република Македонија кој е во ваши раце. Барате пари од истиот локален буџет кој вие го блокиравте за тужба постара од 30 години - изјави Сашо Тодоровски, портпарол на СДСМ Куманово.

    Тодоровски вели дека Владата за непочитување на закони ги казнува и апси граѓаните, а истата не почитува ни Устав, ни закони, ни колективни договори.

    Од СДСМ побараа Владата да ги одобри вработувања во образованието со цел поквалитетно фунцкионирање.