Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Преку акцијата “Се грижиме за топол дом“ реализирани се три донации во Куманово.
Од Министерството за труд и социјална политика информираат дека на бесплатниот телефонски број 0800 55 800 се јавиле 182 баратели на помош, а истовремено се јавиле 5 донатори.
Акцијата “Се грижиме за топол дом“ почна да се спроведува од почетокот на месец август со што се овозможува загрозените да побараат, а хуманите да донираат облека, мебел, покуќнина, бела техника и други добра кои не им се потребни.