Се одложува утрешната седница на Советот
Седница на Советот на Општина Куманово, која требаше да се оддржи утре се одложува за вторник.
Според информација од претседателот на Советот Максим Димитриевски, седницата е презакажана по барање на советниците од ВМРО - ДПМНЕ, ДУИ, ДПА и НДП поради денешниот државен празник “Ден на дрвото“ и Денот на албанското знаме.
Комисите ќе заседаваат во петок и понеделник по што седницата ќе се одржи во вторник на 3 декември со почеток во 10 часот.
На дневен ред се 23 точки, меѓу кои позначајни се програмите за развој на Општината Куманово за 2014 година, како и изградба и одржување на локалната инфраструктура, улици и патишта за наредната година.