Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ синоќа се отвори изложбата насловена како “Бесконечност“ на ликовниот уметник Симона Јакимовска од Куманово.
Изложбата се состои од 24 уметнички дела, половина цртежи, половина графики. Истражувам на тема бесконечност. Се трудам да се докажам, до некаде тоа зависи од уметникот - вели Јакимовска.
Изложбата ја отвори нејзиниот професор Игор Шокаровски кој смета дека оваа изложба треба да ги мотивира младите кои сакаат да се занимаваат со уметност.
Ова е покана за сите млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со уметност без разлика дали се од Скопје, Куманово, од некој друг град во провинција можности има. Ова е покана за младите уметници. Уметниците треба да бидат похрабри и да ги покажат својата енергија и идеи како што тоа го направи Симона - изјави универзитетскиот професор Шокаровски.
Јакимовска има 23 години, а ова е нејзин втор самостоен проект. Таа завршила Факултет за ликовни уметности во Скопје - отсек графика, а моментално подготвува магистратура.