Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Продолжува изградбата на гасоводната мрежа на улицата “Октомвриска револуција“.
За потребите на домаќинствата во комплексот згради „Водовод„ поставена е секундарна мрежа во должина од 500 метри.
Создадени се услови за приклучување на гасоводниот систем и во овој дел од градот. Сите заинтересирани граѓани и правни лица, како и станарите на колективни станбени згради, сега можат да приклучат гас. Заинтересираните нека дојдат кај нас да им ги објасниме условите и постапката за приклучок“ - велат од јавното претпријатије “Куманово-гас“.
Ова е втор крак на гасовод на „Октомвриска„ откако беше поставена мрежа кај маркетот Туш. Од локалитетот „Водовод„ гасификацијата ќе продолжи во централното градско подрачје, а ќе се гасифицира и црквата „Свети Никола„.