×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Се снимаат седниците на Советот на општина Куманово

    30.01.2015 12:19 | KumanovoNews

    Од денеска официјално започна снимањето на седниците на Советот, кои одложено ќе бидат прикажани на сајтот на општината Куманово.

    Се снимаат седниците на Советот на општина Куманово

    Снимениот материјал ќе биде прикачен по завршувањето на седницата, со цел граѓаните да бидат запознаени со работата на Советот и одлуките кои се донесуваат.

    “Целиот материјал за два часа по завршување на седницата ќе биде емитуван на веб страната www.kumanovo.gov.mk. Сите оние кои сакаат, можат да одат на сајтот, да ги следат расправите, да видат што се работи на седница на Совет“ - рече Бисера Благојевиќ, советник за односи со јавност во општина Куманово.

    Одлуката за снимање на седниците на Совет, ја изгласа претходниот советнички состав и сега истата се реализира.