Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сообраќајот на сите државни патишта во државата се одвива без забрани, по суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.
Намалена видливост поради магла: Тетово- П.Шапка и Велес-Скопје со видливост од 100 метри и Штип-Неготино од 20 до 30 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Продолжуваат теренските активности (геодетски и геомеханички истраги) кои се во тек долж патниот правец А-1, делница Миладиновци-Куманово (во двата правци) односно од наплатна станица Миладиновци до крај на стариот автопат-клучка Крива Паланка. Извршена е времена измена на режимот на сообраќајот од исклучок за клучка Рафинерија, до исклучок за Скопје кај клучка Миладиновци, во должина од 2000 метри, при што сообраќајот се одвива по десната сообраќајна лента во правец на Скопје. Под времен режим на сообраќај ќе биде и самата рампа од клучката Миладиновци, односно исклучокот кон Скопје.
Работите ќе се изведуваат во период од 07:00 до 18:00 часот, додека сообраќајната сигнализација за времен режим на сообраќајот е поставена 24 часа на горенаведениот дел од трасата.
АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација и на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.