Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Современ СПА центар и фабрика за преработка на минерална вода ќе се гради во кумановската населба Проевце, во близина на Кумановска бања.
Бањскиот комплекс ќе гради на парцелата која се наоѓа пред сегашната бања, додека фабриката ќе биде отворена зад хотелот Ку-ба на 25.000 метри квадратни. Инвестицијата ќе чини повеќе од милион евра.
Од Министерството за економија потврдија дека минатата година во јуни, Владата дала концесија за експлоатација на термоминералната вода на локалитетот Проевце, Кумановска бања..
Избрана е фирмата „Премиум минерали„ од Куманово, а договорот е склучен во ноември лани. Концесионерот е во фаза на решавање на имотно-правните односи и се предвидува изградба на современ спа центар.- информираат од Министерството за економија.
Сопствениците велат дека ја средуваат потребната документација за двата објекти, а во тек се и испитувања за искористување на минералната вода. Се надеваат дека процедурите ќе ги завршат што побрзо и до средината на наредната година ќе започнат со реализација на проектот.
СПА центарот ќе биде со површина од 1800 метри квадратни. Ќе има голем хотел, четири базени, сали за масажи, лекари и се што е потребно за да функционира модерен бањски комплекс. - велат од фирмата концесионер.
Термалната вода во Кумановска бања е надалеку позната по своите лековити својства и се споредува со српската Врњачка бања и Бањата Виши во Франција. Со неа стопанисуваше угостителското претпријатие „Бисерка„, кое откако пропадна, бањата, фабриката за минералната вода „Кумановка„, хотелите „Ку-ба„ и „Кристал„, се оставени да рапаѓаат и уништуваат, а лековитата вода неискористено да истекува во реката.
(Фото:Парцелата на која треба да се изгради спа-центар)