×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Специјалци извлекоа повредена жена од Мгленце

    12.02.2012 13:59 | KumanovoNews

     Славица Петровска (60) од селото Мглинце, поради сериозни здравствени проблеми синоќа била евакуирана од нејзиниот дом во завејаното планинско село од специјалци на МВР и АРМ.

    Специјалци извлекоа повредена жена од Мгленце

    Интервенцијата уследила откако семејството побарало помош од Општината Старо Нагоричано, а градоначалникот побарал помош од Центарот за управување со кризи.

    Славица паднала завера вечер пред куќата и ја скршила раката. Состојбата со здравјето и се влошила во текот на ноќта поради неподносливите болки, а добила и висока температура. Поради снегот и непроодноста на патот нејзините роднини неможеле да ја однесат налекар. Утрината побаравме помош, а околу 15 часот пристигнаа специјалците на МВР и АРМ и со специјални возила и моторни санки заминаа кон селото- раскажува градоначалникот Миодраг Јовановиќ.

    Жената била пренесана во Кумановската болница каде е заджана на лекување.Откако завршила акцијата во 21 часот, вработените во Општината ги пречекале специјалците каде ги освежиле со толоп чај.

     Во соопштенето на МВР се вели дека во кординирана акција на Единицата за специјални задачи ,,Тигри“ од МВР и Единицата за специјални намени ,,Волци“ од АРМ беше успешно извршена  евакуација на едно повредено лице од Бујак Маала, општина Старо Нагоричане.     

    Акцијата се одвиваше во исклучително тешки и сложени метеоролошки услови, на тежок и непристапен терен на планината Козјак, каде висината на снежната покривка поради големите навеви од снег, на места изнесуваше и над два метри.  Припадниците на двете специјални единици, во акцијата која траеше повеќе од шест часа, со примена на специјални теренски моторни возила, моторни санки и други техники за пробивање низ длабок снег, во вечерните часови безбедно го пренесоа лицето С.П.(60), инаку лице со тешки повреди, од  Бујак Маала до Кумановската болница, каде е хоспитализирано.

    Инаку, по укажаната помош на споменатото лице, помош побарале и други лица од селото, на кои од страна на припадниците на двете специјални единици им е излезено во пресрет и им е пружена бараната помош- сопштуваат од МВР.