Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претставници на Српската заедница во Македонија, денеска во црквата “Света Троица“ запалија свеќи за помен на луѓето кои загинаа во бомбардирањето на Југославија пред 16 години.
НАТО бомбардирањето на Југославија започна на 24 март 1999 година, во 19 часот и 45 минути.
И денеска по 16 години, на нормалниот човечки ум не му е јасно дека во вториот милениум можеше да се подигне толкава сила против ненаоружан народ. Одбележувањето на овој датум симболично е незаборав. Не смееме да заборавиме и мора да се спротивставиме на такво насилство - вели Гордана Јовиќ Стојковска, претседател на Српска заедница во Македонија.
Историчарот Светлана Младеновска говореше за бројот на жртви, уништени фабрики, училишта, мостови, медиумски куќи за време на бомбардирањето кое траеше 78 дена и заврши на 19 јуни 1999 година.
Со потпишување на воено-техничкиот договор во Куманово, војната заврши. Војската на Југославија и полициските сили се повлекоа од Косово, отстапувајќи го своето место на меѓународните сили и администрација. Со дозволата на Југославенската влада, на 12 јуни 1999 година, на Косово стигнаа руски трупи кои потоа се повлекоа. Кумановскиот договор е воено- технички договор меѓу КФОР и Владата на СФРЈ. Во Советот за безбедност е усвоена резолуција 12 44 , по која СФРЈ и Република Србија се согласни меѓународни сили да бидат распоредени на Косово - кажа Младеновска.
Проценките се дека во бомбардирањето загинале од 1500 до 2500 луѓе, раселени се 200.000 косовски Срби, а е причинета материјална штета од 100 милјарди долари.