Средба на училишни тимови од Куманово и Дупница
02.12.2013 08:29
| KumanovoNews
Центарот за развој на североисточен плански регион денеска во 12 часот организира средба на претставници од училишта и градинки од двата региони кои се вклучени во прекуграничниот проект “Сите деца учат заедно“.
Тоа се установи во кои ќе се градат рампи и санитарни јазли за потребите на лицата со посебни потреби. Ќе се разговара и за организирање на две тродневни работилници во нашиот регион една и една во Општина Дупница. - рече Младен Протиќ, раководител на Центар за развој на североисточен плански регион.
Настанот се организира по повод 3 декември - Ден на лицата со хендикеп.