Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската заедница во Куманово организира Српска вечер по повод Стара нова година.
Прославата ќе се одржи во ресторанот Грација, а музички гости ќе бидат српските ѕвезди Милица Тодоровиќ и Драги Домиќ од Белград.
Како и секоја година, традиционално, и оваа ќе се одржи Српската вечер. Целта е да го прославиме доаѓањето на православната Нова година и да се дружиме со нашите членови и пријатели од градот. Прославате ќе започне во 20 часот, а ќе трае до раните утрински часови. Затоа ги повикуваме сите кои сакаат да бидат дел од забавата да ни се придружат-вели претседателот Горан Зафировиќ.
Информации во просториите на Српската заедница во зградата на поранешен Комитет или на телефон 031 411 895 и 078 305 501.