Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Стечајните работници денеска протестираа пред домот на пратеникот од ВМРО - ДПМНЕ, Јордан Пачков, затоа што тој не гласал за предлог - законот за стечајците.
Стечајците се обидоа да влезат во зградата и да отидат до станот на пратеникот за да му врачат новогодишна честитка, но полицијата не им дозволи.
Ги стави партиските интереси пред интересите на оваа категорија на граѓани. Ова е најболна категорија, не сме ниту социјални, немаме никакви примања. Протестот ќе трае 2 часа. Исто и во Штип стечајците на ист начин ќе го покажат револтот - изјави Лилјана Георгиевска, претседател на УНИТ.
Таа најави дека по празниците ќе протестираат пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, а до почеток на февруари ќе постават шатори пред Собранието.