Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
“Шумско стопанство“ Куманово досега издало околу 45 дозволи за собирање на шумски плодови.
Велат дека интересот за собирање на шумски плодови е нешто послаб од лани, поради временските услови.
“На есен ако врне и ако има печурки, очекуваме да има повеќе побарувања за дозволи. Повеќето граѓани собираат печурки за продажба, а мал дел берат чаеви за свои потреби“- велат од “Шумско стопанство“.
Дозволата за собирање шумски плодови важи една календарска година, од 1 јануари до 31 декември и чини 400 денари.