×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СВР Куманово со штуро соопштение за убиството

    24.07.2015 10:30 | KumanovoNews

    Две лица се приведени, а уште неколку се повикани на информативен разговор по вчерашниот вооружен инцидент во населбата Бедиње кога едно лице беше убиено, а две повредени.

    СВР Куманово со штуро соопштение за убиството

    Во краткото соопштение на СВР Куманово се наведува дека вооружениот инцидент се случил во 15.35 часот, во кафе барот „Шпија Јон“ на улицата „11 Ноември“ во населбата Бедиње. Додека во локалот седеле три лица, пристигнала група од пет лица. Меѓу нив настанала расправија која прераснала во физичка пресметка. Тогаш било употребено оружје при што смртно е ранет Р.Џ.(45), додека Џ.Р. (38) и Г. Д.(38) се повредени и префрлени во Ургентниот центар во Скопје.

    Полицијата не открива поради што дошло до расправија помеѓу членовите на двете групи, инаку сопартијци од ДУИ.