Три пожари од запалени стрништа
06.09.2013 13:51
| KumanovoNews
Во селата Студена Бара, Шупли Камен и кон граничен премин Табановце покрај автопатот, несовесни граѓани запалиле стрништа, па пожарот се проширил и на околните ниви.

Имаме многу работа денеска, интервениравме на три пожари кои се предизвикани од запалени стрништа. Материјална штета не е причинета бидејќи се работи за пожари на отворено. Бројот на пожари е зголемен, луѓето палат стрништа, сува трева - вели Дејан Илиевски, командир на Противпожарна единица Куманово.
Тој додава дека деновиве имаат 8 до 9 интервенции дневно.