×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тркалезна маса за создавање на интеркултурна Oпштина Куманово

    18.02.2020 14:49 | KumanovoNews

    Тркалезна маса на тема „Надминување на паралелниот мултикултурализам и создавање на интеркултурна општина во насока на промоција на општествените вредности и важности од соживот“, денеска се одржа во организација на Комисијата за односи меѓу заедниците на Советот на Општина Куманово.

    Тркалезна маса за создавање на интеркултурна Oпштина Куманово

    Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски вели дека важноста на оваа комисија е од големо значење, бидејќи преку неа се разговара на различни теми коишто ги обединуваат сите етнички заедници во нашата општина, бидејќи Куманово е Македонија во мало.

    - Општината дава коплетна поддршка на работењето на оваа комисија и јас ги охрабрувам да продолжат така. Сме имале различни искуства. Во минатото,  ако се сеќавате на 2015 Комисијата беше многу активна со организација на различни средби во различни делвои од градот каде што разговаравме со локалното население во делот на она што значи подобрување и надминување на проблемите при отворени прашања и превенција  од евентуални конфликти.  Една од главните работи  е што во самата комисија се претставени сите етнички заедници, а имаат можност и да се вклучат нови членови,- додава градоначалникот Димитриевски.

    Претседателката на Советот на Општина Куманово, Атина Мургашанска, вели дека оваа комисија  придонесува за градење на вистинскиот концепт „Едно општество за сите“ и дека Советот на Општина Куманово и понатаму ќе се залага за поуспешно градење на мултикултурно заедничко општество.

    - Впрочен во денешното современие сите се грижиме за подобар живот на секој наш граѓанин независно како се вика, каква религија практикува, од која етничка заедница доаѓа, сите бараме подобри услови за живот на нашите деца, поквалитетно образование, подобра инфраструктура, подобар просперитет и развој и токму градејќи ги овие заеднички вредности, а во исто време подобро запознавајќи се, одбегнувајќи  ги предрасудите и негувајќи ја културата, традицијата и заедничките традиционални вредности, сметаме дека сме на добар пат. Она што впрочем беше и вредност на Општина Куманово и понатаму уште поуспешнп да градме едно заедничко мултикултурно општество,- додава Мургашанска.

    Татјана Крстевска, претседателката на КОМЗ најавува дека иако оваа година ќе имаат мали измени во програмата, дека сепак ќе се фокусираат и на традицијата и на задржувањето на сето она што се подразбира под нематеријално културно богатство.

    - Kако Комисија сме овластени да даваме свои сугестии и свои предлози на седниците на Советот на град Куманово. Исто така ќе работиме со група на млади луѓе, а во нашите активности секако ќе останат и традицијата и задржувањето на сето она што значи нематеријално културно богатсво на самите народи коишто живеат во Општина Куманово, така што ќе имаме и активности во кои ќе ги прикажеме наште традиционални обичаи, нашата традиција преку храна и најразлични други збиднувања, - истакна Крстевска.

    Комисијата за односи меѓу заедниците на Советот на Општина Куманово брои 14 члена, изгласани на Советот на Општина Куманово. Учеството во неа е комплетно волонтерско, за истата не се плаќа никаков надоместок за нејзино функционирање, а опстојува со финансиска поддршка од невладини организации, здруженија и друг тип на донатори коишто инвестираат во мултикултурализмот во Куманово.