×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Владини претставниции пошумуваа во Биљановце

    27.11.2013 12:15 | KumanovoNews

     Вице - премиерот за економски прашања, Владимир Пешевски заедно со заменик министерката за правда Билјана Бришковска - Бошкоска денеска засадија дрвца во месноста Гол рид во с.Биљановце.

    Владини претставниции пошумуваа во Биљановце

    Пешевски истакна дека акцијата “Ден на дрвото“ освен што ќе придонесе за зголемување на бројот на новите садници, ќе помогне и во обновување на опожарените шуми.

    Тука сме на локација која била опожарена минатата година. Целата акција треба да се гледа пошироко, не само за здрава животна средина, за нашата држава, туку и за нашите деца. Треба да се грижиме да имаме поубава држава - изјави Пешевски.

    Тој додаде дека граѓаните почесто треба да практикуваат да засадат дрвце и да не биде тоа само за “Ден на дрвото“.

    Акцијата “Ден на дрвото“ се оддржува традиционално по 12 пат и годинава во целата земја ќе се засадат 5 милиони садници.