Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проблемот со депонијата Краста и со загадената вода од бунарите во село Пчиња треба што поскоро да се реши, бараат од ВМРО - ДПМНЕ.
Тие велат дека случајот ги засега сите граѓани бидејќи кумановци ги конзумираат раноградинарските производи од село Пчиња.
Иако Владата на Република Македонија обезбеди за оваа намена 3,5 милиони евра, а жителите на село Пчиња имаат поднесено проект до општина Куманово, сепак факт е дека нема доволно желба или благо кажано политичка волја од страна на Дамјановски да им помогне на пчињани - рече Мирослав Стојановски, претседател на општински комитет на ВМРО - ДПМНЕ.
Според нив, во село Пчиња треба да се изгради канализациона и водоводна мрежа за да се надмине деценискиот проблем на месното население.