×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на народен митинг во Скопје

    16.05.2015 09:30 | KumanovoNews

    Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово, денеска на прес-конференција ги повикаа граѓаните во понеделник  да присуствуваат на големиот собир во Скопје.

    ВМРО-ДПМНЕ ги повика граѓаните на народен митинг во Скопје

    Велат дека овој мирен собир ќе биде народен одговор на сите сценарија за дестабилизација на Македонија.

    “ВМРО-ДПМНЕ заедно со македонскиот народ, со сите граѓани, со Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите, Бошњаците и сите други, ќе излезе на голем народен митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија. Граѓаните на Македонија ќе излезат за да покажат дека се за почитување на правото на глас, почитување на изборната волја, за отварање на нови работни места. Граѓаните на Македонија ќе покажат дека се за нови фабрики и автопати. Граѓаните на Македонија ќе излезат за да дадат поддршка на безбедносните сили, за зачувување на државните приоритети и интереси“ - вели Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

    Од партијата повикаа сите граѓани да им се придружат во понеделник во 20 часот, за силна и стабилна Македонија.