×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ВМРО - ДПМНЕ: Во Новата година посакуваме подобри денови за Куманово

    29.12.2014 11:26 | KumanovoNews

    Од ВМРО - ДПМНЕ денеска на прес - конференција им ја честитаа Новата година на граѓаните, со многу желби за подобро Куманово, за посреќен и поквалитетен живот, во кој сите луѓе ќе живеат достоинствено и со многу оптимизам за иднината.

    ВМРО - ДПМНЕ: Во Новата година посакуваме подобри денови за Куманово

    “ВМРО - ДПМНЕ одсекогаш водело грижа за својот град, и секогаш ја користи можноста да помогне во наоѓање на решенија за проблемите кои ги имаат сите граѓани на општина Куманово. Во Новата 2015 година посакуваме за Куманово и Република Македонија да се отворат нови можости за развој, да бидеме сведоци на што повеќе успешни приказни“ - рече Драган Петковски, претседател на ОК на ВМРО - ДПМНЕ Куманово.

    Од ОК на ВМРО - ДПМНЕ на граѓаните им посакуваат многу здравје, љубов и бериќет за претстојните Новогодишни и Божиќни празници.