Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во пожар што избувнал утрово во семејна куќа во Крива Паланка изгоре брачен пар, сопружници на возраст од над 80 години, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи во 8:57 часот добиле пријава за запалена куќа на улицата „Херој Карпош“ во Крива Паланка. Во гаснењето на пожарот интервенирале пожарникарите, по што е изгаснат во 10 часот. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст, над 80 години“, информираше ЦУК.
Од Противпожарната единица на Крива Паланка, објавија дека утрово по добиена дојава за запалена семејна куќа, интервенирале со 2 ПП возила и 9 пожарникари, но за жал во пожарот животот го загубиле двајца сопружници.