×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во Североисточниот регион во ноември издадени 14 дозволи за градба, најмногу во Старо Нагоричане

    15.01.2025 11:57 | KumanovoNews

    Во Североисточниот регион во ноември 2024 година се издадени 14 дозволи за градба. Според Државниот завод за статистика,  во 9 случаи инвеститори се приватни лица, а ќе се градат и пет деловни објекти.

    Во Североисточниот регион во ноември издадени 14 дозволи за градба, најмногу во Старо Нагоричане

    Општина Старо Нагоричане во ноември минатата година издала 12 дозволи за градба, од кои 8 на приватни лица и 4 на деловни субејкти. Таа предничи по бројот на издадени дозволи, а потоа се Куманово и Крива Паланка со по една дозвола.

    „Две од дозволите се однесуваат на изградба на локални патишта кон Забел и Стрновац, проекти на општината со средства од унгарскиот кредит. Во план е и реконструкција и реновирање на стара општинска зграда во близина на плоштадот, простории кои подоцна општината ќе ги понуди под закуп на јавна лицитација. Една од дозволите е промена на деловниот субјект кој се јавува како инвеститор.Останатите осум дозволи се издадени претежно за изградба на викенд куќи на физички лица“, вела од Општина Старо Нагоричане.

    Во Општина Куманово е издадена само една дозвола на деловен субјект, а во Крива Паланка една на приватно лице, за објект со 6 соби и вкупна површина од 145 м2. Вредноста на инвестициите во североисточниот регион се проценети на 90. 424 илјади денари.

    На национално ниво во ноември 2024 година се издадени 260 одобренија за градење, што е за 18, 2 посто помалку во однос на истиот месец од претходната година. Предвидената вредност на овие објекти бележи намалување од 63,8 проценти за истиот период во 2023 година.

    Во државата во 56,1 проценти како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 43, 9 посто објекти инвеститори се деловни субјекти. Речиси 60 посто од издадените одобренија се однесуваат на објекти во високоградба.

    (фото. архива)