Во Старо Нагоричане се пошумуваше Краста
27.11.2013 11:11
| KumanovoNews
Во Општината Старо Нагоричене, денеска се пошумуваше м.в. Краста во селото Старо Нагоричане.

Во акцијата покрај вработените во општинската администрација се вклучија и учениците од основните училишта и војската.
Во акцијата учествуваа околу 150 луѓе, а засадивме над 1200 садници. И покрај ладното време и снегот акцијата помина успешно- велат од Општината.
Во Старо Нагоричане во акцијата учествуваше и заменик министерот за култура Драган Недељковиќ.