Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Српската заедица во Македонија, Регионална организација Куманово, утре (24 март) во 11 часот, во црквата Св.Троица, ќе го одбележи денот на отпочнувањето на бомбардирањето на Србија и Црна Гора во 1999 година.
Членовите на Српската заедница од Куманово ќе им оддадат почит на жртвите со едно минутно молчење и палење свеќи. Бомбардирањето во Србија траеше седумдесет и осум дена.
Од Српската зедница ги повикуваат граѓаните на Куманово и сите претставници на политичките партии и невладините организации на Србите во Република Македонија да се придружат во одбележувањето на годишнината.