Мени

Загина 28-годишен возач од Крива Паланка во сообраќајка кај Страцин

04.07.2026 11:19 | KumanovoNews

Дваесет и осумгодишен жител на Крива Паланка загина во сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај селото Страцин.

Загина 28-годишен возач од Крива Паланка во сообраќајка кај Страцин

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила 10 минути по полноќ, кога патничко возило „Опел астра“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од Н.С. (28) од Крива Паланка, излетало од коловозот и удрило во бетонски заштитен ѕид.

Возачот починал на местото на несреќата, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина за обдукција.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа од ОВР Кратово, а причините за несреќата се утврдуваат.

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Куманово, соопшти дека интервенирала на собраќајката од 00:10 до 01:35 часот.